Српската водителка Деа сеуште е во болница, вели не планира свадба

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ, која доживеа тешки повреди на раката во сообраќајната незгода на почетокот на февруари и понатаму се опоравува во болница. Деа вели дека со нетрпение чека да се врати на работното место во Пинк телевизија и дека не планира наскоро да прави свадба со нејзиното момче Младен Мијатовиќ.

Младен и дава голема поддршка во текот на опоравувањето. Тој е репортер на црна хроника, на истата телевизија. Иако се во долгогодишна врска, Деа вели дека сеуште не планира да се венчаат, затоа што здравјето и опоравувањето и се на прво место.

„Ќе одиме чекор по чекор. На мене и Младен ни е убаво во врската, уживаме во секој момент. Сега сме фокусирани на моето здравје, а подоцна ќе има време за свадба“, вели Деа.

„Сакам да работам. Убаво ми е кога гледам телевизија, но тогаш работата ми недостига најмногу. Додека ја следам програмата, сега знам што да направам, што би рекла, што би додала. Размислувам зошто во одредени ситуација, нешто не е направено вака или онака, па во себе ќе си прокоментирам што ми недостига, а што е супер“, изјавила водителката.

Деа во моментите на несреќата патувала на работа, затоа што тој ден требала да ја води утринската програма на ТВ Пинк.

„Ми се допаѓаат гостите кои доаѓаат во утринската програма, па ми е криво што не сум во студиото. Се надевам дека наскоро ќе можам да се вратам. Чекам раката да ми заздрави“, вели Деа.

 

Од понеделник до петок Деа е во болница поради терапијата, но викендите ги минува дома.

„Вежбам и во болница и по дома. Моето момче ме тера да работам вежби и колку е можно повеќе да пијам вода. Исто и мојата мајка. Некогаш сето тоа ми претставува тешко, но тогаш ќе се заинатам и уште повеќе ќе почнам да вежбам“, изјавила водителката.

 

 

 

Текстот Српската водителка Деа сеуште е во болница, вели не планира свадба е превземен од Reporter.mk.