Српскиот НБА кошаркара Бобан Марјановиќ, глуми платен убиец во новиот филм на Киану Ривс, „Џон Вик“, пишува „Волстрит џурнал“. Воведната сцена на тепачка помеѓу ликовите на Марјановиќ и Ривс се одвива во Њујоршка јавна библиотека. Весникот пишува дека продуцентите на филмот биле импресионирани од градбата на Марјановиќ, кој е висок 221 сантиметри. Во филмот глуми и Хали Бери.
„Прво не знаев зошто ме поканија да играм заедно со Киану Ривс, но потоа сфатив дека тоа е поради мојот добар изглед“, рекол српскиот кошаркар.
Марјановиќ, кој оваа сезона игра за Филадалфија Сиксерс, се има појавено во уште неколку филма, а глумеше и во српскиот филм „Ќе бидеме светски шампиони“, за кошаркарската репрезентација на Југославија од 1970 година.
„Се што правев е што трчав наоколу во тесни шорцеви“, раскажал Марјановиќ за оваа улога.
Текстот Српски кошаркар глуми убиец во новиот филм на Киану Ривс е превземен од Reporter.mk.