Стефан по патот на Филип, синот на Брена сака да стане татко

Синот на српската пејачка Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ, вели дека сака да го следи патот на неговиот постар брат Филип Жвојиновиќ, и да се оствари во улогата на родител.

Филип со неговата сопруга српската пејачка Александра Пријовиќ, пред неколку дена добија син. Филип е првиот од браќата кои стана татко, додека Стефан и Виктор сеуште не се одлучиле на таков чекор.

Стефан сега вели дека има желба да ја пронајде вистинската девојка во неговиот живот и тој како и Филип да формира семејство. Но и покрај неговата желба, Стефан вели дека е млад и дека времето е пред него.

„Повеќето луѓе сакаат да се остварат во улога на родител, па така и јас. Сметам дека сеуште сум млад за такво нешто и дека не сум подготвен. Сеуште не сум ја запознал личноста со која би сакал да се остварам како родител. Ќе морам малку да почекам. Но никогаш не се знае што носи денот, а што ноќта“, вели Стефан.

Текстот Стефан по патот на Филип, синот на Брена сака да стане татко е превземен од Reporter.mk.