Стилистката што ме облекува е кучка, не знам како да ја отпуштам, се пожали Блејк Лајвли

Актерката Блејк Лајвли важи за една од холивудските дами со најдобар стил, а не е тајна дека таа нема ангажирано стилист. 31-годишната актерка го користи своето изострено чувство за мода во комбинациите за секое свое појавување на јавни настани и свечености.

Додека го промовираше својот најнов филм A Simple Favor, сопругата на Рајан Рејнолдс се појави во кариран костум од францускиот дизајнер Ролан Муре, чанта од Валентино и обувки од Кристијан Лобутин.

Филмската ѕвезда на својот инстаграм-профил објави фотографија од својот стајлинг, но покрај илјадници комплименти, таа доби и негативен коментар на кој возврати на хумористичен начин.

„Го велам ова со многу љубов и почит кон тебе, те молам најми си стилист или отпушти го оној кој ти е моментално“ – е коментарот на еден од обожавателите. На ова Лајвли одговори: „Благодарам за советите, господине. За жал, многупати се имам обидено да ја отпуштам Блејк Лајвли. Но, таа кучка постојано се враќа. Не сака да ме остави на мир“ – му напиша Лајвли на коментарот.

Блејк неретко е нарекувана модна икона на денешницата.

Текстот Стилистката што ме облекува е кучка, не знам како да ја отпуштам, се пожали Блејк Лајвли е превземен од Reporter.mk.