Студентки го обвинија глумецот Џејмс Франко за сексуално вознемирување

Две студентки на американскиот глумец Џејмс Франко го обвинуваат за сексуално вознемирување. Студентките Сара Титер-Каплан и Тони Гал, од неговата академија Studio 4, покренале тужба против актерот во судот во Лос Анџелес. Тие го обвинуваат дека ја злоупотребил својата слава и улогата на професор за да им се додворува и да ги принудува да аплицираат на аудиции во кои се планирани голи и доста недолични сцени.

Девојките тврдат дека Џејмс им вршел притисок да прават експлицитни сцени со оргии и им ветувал дека така полесно ќе најдат работа. За да може да учествуваат на курсот за правење сексуални сцени, Франко барал од своите студенти да снимат видео запис и да ги препишат правата на академијата.

Откако Тони Гал се побунила поради ваквите „инструкции“, била отстранета од часовите, а нејзината пријателка Титер-Каплан продолжила со часови и била избрана да глуми во неколку филмови од „Рабит бандини филмс“, продукцијата на Франко, што подразбирало дека таа доброволно го прифаќа ваквото однесувањето на актерот.

Титер-Каплан, која присуствувала на курсот за секс сцени, тврди дека Франко ги отстранил пластичните „оклопи“ околу вагините на другите студенти и симулирал орален секс врз нив. Двете студентки за „Лос Анџелес тајмс“ тврдат дека Франко бил лут кога некои од актерките одбиле да бидат топлес за некоја сцена.

Адвокатот на Франко, Мајкл Плонскер, ги негирал обвинувањата. И глумецот ги отфрли обвинувањата и преку адвокатот изјавил дека нема да дозволи да биде вовлечен во лажен скандал. Тој рекол и дека ќе бара отштета за клевета.

Текстот Студентки го обвинија глумецот Џејмс Франко за сексуално вознемирување е превземен од Reporter.mk.