Сулејман го седна Зоки Фаци на сепаре

Новинарот Зоран Василевски, или познат како Зоки Фаци, се дружеше со актерот Халит Ергенч, познат по улогата на султанот Сулејман од серијата „Величествениот“. Се запознале во дискотеката „Сорти“ во Истанбул, Турција. Зоки ни раскажа за средбата со актерот велејќи дека бил многу опуштен и љубезен.

„Многу е кул. Бев во диското, кога го видов како седи на сепаре. Прозборев со обезбедувањето, кои ме прашаа од каде сум и што работам. Им кажав дека сум новинар од Скопје, од Македонија. Немаше никаков проблем. Ме викнаа да седнам, и од прва знаеле дека не сум Турчин. Многу разговаравме со Халит, му раскажував колку е популараен кај нас, во Македонија. Сменивме и телефони. Многу е кул. По половина час муабет, си заминав. Сулејмен навистина е супер“, изјави Зоки за „Репортер“.