Сузана Турунџиева стана баба

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева стана баба. Нејзината ќерка Лора утрово роди машко дете кое се уште нема име. Лора се породила со царски рез, а со неа на породувањето бил и нејзиниот сопруг Филип, со кого таа се венча минатото лето.

„Дојде на свет нашето чудо, моето прво внуче. Не ни замислував дека толку многу радост ќе разбуди во мене. Му благодарам на животот што толку многу ме сакал и што ми подари здраво право внуче. Посакувам сите да ја доживеат мојата радост“, рече Сузана за „Репортер“.

Ова е прво дете на 19-годишната Лора, која е ќерка на Сузана и поранешниот пливач Александар Макенко.

 

Текстот Сузана Турунџиева стана баба е превземен од Reporter.mk.