Светлосниот меч на Скајвокер ќе се продава на аукција во Лос Анџелес

Светлосниот меч кој актерот Марк Хамил го користеше во филмот „Нова надеж“ од мегапопуларната франшиза „Војна на ѕвездите“, е понуден на аукција во Лос Анџелес.

Акционерите проценуваат дека цената за овој меч може да достигне и до 200.000 евра. Покрај ова „богатство“ на аукцијата ќе бидат понудени и оригиналните ракавици кои ги користел актерот толкувајќи го роботот Си Трипиј (C-3P0) како и шлемовите на војиците од стормтрупите.

Текстот Светлосниот меч на Скајвокер ќе се продава на аукција во Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.