Sвездата на „Мојата голема грчка свадба“ не отиде на погребот на татко ѝ заради коронавирусот

Глумицата Ниа Вардалос (57), најпозната по улогата во филмот „Мојата грчка свадба“, не можеше да отиде на погребот на нејзиниот татко, Гус Вардалос, поради коронавирусот. Нија последен пат го посетила татка си во Канада за време на божикните празници пред да почне епидемијата.

„Сите бевме таму за Божик. Седеше на каучот, среќен и се движеше, но не можеше баш да истрча маратон. Имав чувство дека тоа е тоа. Се случи тој момент помеѓу мене и татко ми кога се збогувавме. Мислам дека тој ми рече ‘ова е навистина збогум’“, изјави таа за списанието „Варајети“.

Набргу потоа тој бил хоспитализиран и Ниа можела да комуницира со него само на телефон.

„Медицинската сестра го држеше телефонот и му се заблагодарив за неверојатниот живот што ми го даде, му реков дека е господин и одличен татко. Мама го држеше за раката и му рече дека е добро и дека може слободно да си замине“, изјави таа.

Таткото на глумицата починал на 12 март. Поради самоизолацијата и забраните за патувања, Ниа не можела да отиде на неговиот погреб. Инаку, таткото на Ниа ѝ послужил како инспирација да ја напише комедијата што ја прослави.

Текстот Sвездата на „Мојата голема грчка свадба“ не отиде на погребот на татко ѝ заради коронавирусот е превземен од Reporter.mk.