Сврешничкиот прстен на Лејди Гага од розов сафир

Поминаа само неколку дена откако Лејди Гага откри дека е свршена со Кристијан Карино. Парот е заедно од март 2017 година, а во изминативе месеци музичката ѕвезда беше забележана со масивен розов прстен.

Новиот свршенички прстен на Лејди Гага е составен од еден розов, редок сафир опколен со уште неколку поситни дијаманти, сличен на оној што Кејт Мидлтон го наследи од принцезата Дајана.

Розовиот сафир на Лејди Гага е 7-каратен, додека оној на Кејт е 12 карати.

Претходниот свршенички прстен на Лејди Гага беше во форма на срце од дијамант, изработен од Lorraine Schwartz, кој чинеше околу 400 000 долари.

Текстот Сврешничкиот прстен на Лејди Гага од розов сафир е превземен од Reporter.mk.