Тајно се омажи глумицата Мишел Вилијамс

Глумицата Мишел Вилијамс во тајност се омажила со режисерот Томас Кали, пишуваат американските медиуми. 39-годишната Мишел и Томас се видени со бурми на рацете, по што медиумите почнаа да пишуваат дека тие се венчале. Мишел е бремена со нивното прво дете и треба наскоро да се породи.

Ова е второ дете на американската глумица. Таа веќе ја има ќерката Матилда Леџер (14), која ја доби од врската со глумецот Хит Леџер, кој се самоуби во јануари 2008 година.

Текстот Тајно се омажи глумицата Мишел Вилијамс е превземен од Reporter.mk.