Тамара ми е фаворит, Бој Џорџ навива за нас

Британскиот пејач и некогашен член на групата Culture Club преку „Твитер“ откри дека гледа Евровизија и дека Тамара Тодевска му е фаворит. „Македонија ми е фаворит засега“, напиша тој по нејзиниот настап.

Со него се сложија многу негови следбеници на „Твитер“, а за поддршката, во коментар му се заблагодари и Тијана. „Ти благодарам многу. ГОРДИ“, напиша Тијана.

Инаку, Бој Џорџ и Тамара се познаваат веќе десет години, кога тој пушташе музика на Скопски саем.

Текстот Тамара ми е фаворит, Бој Џорџ навива за нас е превземен од Reporter.mk.