Тамара Тодевска: Слобода е во мода

Поп -пејачката  Тамара се враќа на македонската музичка сцена со  нова песна која носи наслов  „Слобода“.

„Ова е песна за можеби најважната работа во животот, а тоа е слободата. Слобода да бидеш тоа што сакаш да бидеш и да го живееш животот онака како што сакаш да го живееш. Слобода да се изразуваш, слобода да се менуваш, да се трудиш да бидеш подобар човек но истовремено и да ги инспирираш другите да станат подобри. Слобода да разбереш, да простиш, да љубиш. Слобода да направиш грешка но да научиш од неа“, вели Тамара.

Музиката за песната е на Роберт Билбилов, аранжманот е на Дарко Димитров , а текстот на Игор Џамбазов.

„Слобода“ е  прва македонска песна од  третиот студиски албум на Тамара кој треба да излезе до крајот на летото.

Песната има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.

Видеото ќе биде пуштено за две недели.

Текстот Тамара Тодевска: Слобода е во мода е превземен од Reporter.mk.