Таткото на Серена и Венус Вилијамс ги оставил сопругата и синот без пари и храна

Лакиша Вилијамс (39) го обвини својот сопруг Ричард Вилијамс, таткото на познатите тенисерки Серена и Венус Вилијамс, дека не ѝ помогнал во одгледувањето на нејзиниот син. Лакиша вели дека Ричард ја оставил неа и нејзиниот син Дилан без никаква финансиска поддршка и дека морала да краде од него за да обезбеди храна.

„Останав без пари, а сопругот не сакаше да ми помогне. Не му помогна ниту на нашиот син Дилан“, изјави Лакиша.

Ричард покрај развод покренал и тужба за финансиска малверзација. Тој ја обвини Лакиша дека му го фалсификувала потписот и преку измама успеала да стави хипотека на куќата.

Ричард покрај тужбата за малверзација, ја обвини Лакиша и за проблеми со алкохолот и криминалното минато. Тогаш Лакиша решила да проговори за бројните детали од мрачниот живот на нејзиното семејство.

Таа признала дека го фалсификувала потписот, но објаснила дека тоа го направила поради тортурата која ја доживувале таа и нејзиниот седумгодишен син Дилан.

„Морав да продадам нешто за да купам храна, буквално останавме без ништо јас и мојот син“, се оправдала Лакиша пред судот.

 

Текстот Таткото на Серена и Венус Вилијамс ги оставил сопругата и синот без пари и храна е превземен од Reporter.mk.