„Тажен сум и бесен“, вели Џордан чии бренд ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари, објави компанијата „Најки“ во чија сопственост е овој бренд кој е направен за легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

Џордан кој во текот на целата своја кариера и како играч и како сопственик на франшиза се држел настрана од политиката неодамна се огласи на социјалните мрежи со порака против расизмот.

„ Насекаде гледам болка и изливи на лутина и фрустрација. Ги поддржувам оние кои се борат против расизмот и насилството против црномурните луѓе во нашата земја“, објави пред неколку дена Џордан.

„Најки“ преку брендот ќе вложува во борбата против расизмот.

„Ние сме Џордан бренд, црна заедница. Тоа е повеќе од еден човек. Секогаш ни беше семејство. Ние сме претставници на горда заедница која ги надминала пречките, се борела против дискриминација во заедниците ширум светот и која секојдневно работи за да ги избрише дамките од расизмот“.

„Денес сакаме да објавиме дека Мајкл Џордан и брендот Џордан ќе им донираат 100 милиони долари во наредните десет години на организациите кои се работат на расната еднаквост, социјалната правда и постигнувањето на поголеми успеси во образованието“,пипува во соопштението.

 

Текстот „Тажен сум и бесен“, вели Џордан чии бренд ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот е превземен од Reporter.mk.