Тажна свадба на Ванеса Паради

Шармантната француска актерка, пејачка и модел Ванеса Паради (45) се омажи со филмскиот продуцент Самоил Бенчетри (45). Таа претходно беше 14 години во љубов со Џони Деп, со кого има две деца. Свршувачката беше во март, но тие никогаш јавно не го потврдија тоа. Свадбената церемонија била интимна, во кругот на најблиските, во црквата „Сан Симеон“ источно од Париз.

Со Самоил се запознаа на сниамње филм во 2016 година

Ванеса на венчавката блесна во бел фустан и вел  украсен со розови и виолетови цветови, а со неа беше нејзината ќерка Лили Роуз (19). Но, не и синотЏон Кристофер Деп, за кого минатата недела ги потврдија шпекулациите дека  е сериозно болен.

Само ќеркара Роуз беше на свадбата, но не и синот кој е тешко болен

 

Не е познато што се случува, но Ванеса ја пропушти премиерата на својот нов филм „Нож во срцето” во Париз со цел да биде тој ден со својот син, а во прашање беше и турнеја на Џони Деп. Медиумите пренесоа дека свадбата била малку тажна пордаи ситуацијата со синот.

Ванеса и Самоил се запознаа во 2016 година. Иако Ванеса во 2011 година изјави дека веќе нема да се мажи, сепак, го смени мислењето откако се запозна со Самоил.

Ванеса и Џони Деп