Тажната приказна на Витни Хјустон

Пејачката Витни Хјустон денес ќе наполнеше 55 години да беше жива. Таа беше пронајдена мртва во када, откако се предозирала со кокаин. Витни Хјустон почина на 11 февруари 2012 година на 48-годишна возраст.

Бројните фотографии што се појавиле по нејзината смрт откриле многу детали од нејзиниот живот.

Хјустон во раната младост била сексуално злоупотребувана од роднините. Таквите тврдења прв ги изнесе режисерот Кевин Мекдоналд. Тврдел дека му се доверил полубратот на пејачката, Гери Гарланд, кој и самиот бил жртва на злоупотреби.

По романсата со актерот и комичар Еди Марфи, Витни Хјустон почна врска со пејачот Боби Браун. Се запознале во 1989 година. Двојката се венчаше во 1992 година, а во брак остана до 2007 година. Нивниот однос бил турбулентен. Семејството и пријателите тврдат дека Боби бил љубоморен и тој ја повлекол кон бездната, затоа што никогаш не можел да биде ѕвезда како неа.

Ситуацијата ескалирала по снимањето на филмот „Телохранител“ во 1992 година, со Кевин Костнер.

„Неговиот имиџ на лошо момче ѝ се допаѓал на Витни. Боби бил момче од кое секој родител треба да си ја крие својата ќерка“, изјавил братот на покојната пејачка.

Боби и Витни често се расправале. Биле склони на алкохолот и се дрогирале. Постојат сведоштва дека Боби физички ја нападнал Витни. Не била поштедена ниту нивната ќерка Кристина, која ја добиле во 1993 година.

„Витни Хјустон беше опседната со Боби Браун. Сакаше да знае каде се наоѓа во секој момент и што работи. Не му веруваше, а емотивниот стрес го манифестираше така што целосно ги изгуби нервите. Беше несреќна и тоа можеше да се види на нејзиното лице“, вели Давид Робертс, долгогодишен телохранител на пејачката.

„Проблемот во нивната врска беше фактот што и двајцата се натпреваруваа во својата зависност. Таа се дрогираше, а тој беше склон кон алкохол. Сè што имаше Боби Браун во животот го уништи. Кариерата, Витни, а потоа и Кристина, која заврши исто како и својата мајка. Кога слушнав што ѝ се случи, не бев изненаден. Бев гневен“, изјавил Давид.

Кристина трагично го заврши животот на 22-годишна возраст, идентично како и нејзината мајка. Ја пронашле предозирана со наркотици во када. Починала по шестмесечна кома. Службите никогаш не успеаја  да објаснат што точно се случи. Нејзината смрт набрзо почнала да се третира како убиство, а главниот осомничен бил нејзиното момче Ник Гордон.

Да биде работата уште побизарна, Ник бил посвоен син на Витни Хјустон. Адвокатите тврделе дека тој ѝ го дал коктелот преполн со дрога.

Кристина беше погребана покрај нејзината мајка.

Иако семејството на Витни  и пријатели никогаш не рекле дека Боби е виновен за нејзината зависност, сепак се согласуваат дека тој одиграл голема улога во нејзиното самоуништување.

Боби, кој е во брак со Алиша Етериџ од 2012 година, тврди дека смртта на својата поранешна сопруга и ќерка никогаш нема да ги преболи.

 

 

Текстот Тажната приказна на Витни Хјустон е превземен од Reporter.mk.