Поранешната најдобра српска тенисерка Јелена Јанковиќ ја продава својата раскошна вила во Сан Диего, Калифорнија, пренесува „ЛА Тајмс“. Оваа луксузна вила ја продава за околу 13,5 милиони евра.
Вилата е сместена во елитна населба на Сан Диего, а поседува тениски терен и базен. Целиот имот се простира на површина од 15000 квадратни метри. Во куќата има кино, соба за билјар, пет камини, вински подрум за 1200 шишиња, 11 бањи, теретана, соба за масажа , сауна, подземна гаража за 12 автомобили, парна бања. Мебелот е од дрво орев, а лустерите во вилата се од Сваровски кристал.
Текстот Тенисерката Јелена Јанковиќ ја продава вилата во Сан Диего е превземен од Reporter.mk.