Тенисерката Јелена Јанковиќ ја продава вилата во Сан Диего

Поранешната најдобра српска тенисерка Јелена Јанковиќ ја продава својата раскошна вила во Сан Диего, Калифорнија, пренесува „ЛА Тајмс“. Оваа луксузна вила ја продава за околу 13,5 милиони евра.

Вилата е сместена во елитна населба на Сан Диего, а поседува тениски терен и базен. Целиот имот се простира на површина од 15000 квадратни метри. Во куќата има кино, соба за билјар, пет камини, вински подрум за 1200 шишиња, 11 бањи, теретана, соба за масажа , сауна, подземна гаража за 12 автомобили, парна бања. Мебелот е од дрво орев, а лустерите во вилата се од Сваровски кристал.

Текстот Тенисерката Јелена Јанковиќ ја продава вилата во Сан Диего е превземен од Reporter.mk.