Теон Грејџој од „Игра на тронови“ стана татко

Актерот Алфи Ален, познат како Теон Грејџој од хит-серијата „Игра на тронови“, стана татко. Тој и неговата девојка Ели Тајз добија ќерка. 32-годишниот глумец веста ја сподели на „Инстаграм“ и објави слика од раката на бебето.

„Со полно срце и огромна среќа, Ели и јас ви го претставуваме најновиот член на нашето семејство. Совршена е“, напиша Ален.

Ален е во врска со моделот и диџеј Тајз од 2017 година.

Текстот Теон Грејџој од „Игра на тронови“ стана татко е превземен од Reporter.mk.