Том Џонс итно пренесен во болница

Познатиот музичар сер Том Џонс бил итно префрлен во болница поради бактериска инфекција. Поради сериозноста на болеста, морал да ги откаже сите негови концерти во Британија. Тој им се извинил на сите свои фанови што нема да може да се дружи со нив во следните неколку недели.

„Жал ми е, нема полошо чувство од она кога ќе разочараш некого, знам дека патувавте многу и планиравте со сите пријатели, знам дека сте разочарани, навистина, но добрата вест е дека, се надевам, ќе се видиме сите на 12 август. До тогаш, од длабочината на душата, ви благодарам за вашата поддршка и разбирање”, порачал.

Текстот Том Џонс итно пренесен во болница е превземен од Reporter.mk.