Том Харди се сели од Лондон оти го прогонува обожавателка

Светски познатиот глумец Том Харди го продава имотот во Лондон оти го прогонува обожавателка. Глумецот и претходно рекол дека сака да живее на помирно место и да ужива со семејството, па упорната обожавателка само ја забрзала преселбата.

Сопругата на Том, Шарлот Рајли е бремена со нивното второ дете. Глумецот, во интервју за „Хелоу“ рекол дека таа е под постојан стрес заради обожавателката што не престанува да го вознемирува. Тој побарал и полициска забрана да му се приближува, ама вели, девојката неколку пати нашла начин да се најде во негова близина.

Харди и Рајли се во брак од 2014 година, а во 2015 година се роди нивното прво дете.

Глумецот неодамна призна дека размислува да престане да глуми, а наместо тоа сака да почне да режира филмови.

Текстот Том Харди се сели од Лондон оти го прогонува обожавателка е превземен од Reporter.mk.