Тони Ан-Синг од Јамајка е Мис на светот за 2019

Вчера во  Лондон, претставничката на Јамајка Тони Ан-Синг е избрана за „Мис на светот за 2019 година“. Круната и ја предаде ланската победничка Ванеса Понс од Мексико, пренесоа британските
медиуми. „ Сакам да донесам промена што ќе биде оддржлива. Доколку зборуваме
за жените, тоа мора да биде нешто што ќе ги обезбеди нивните деца и децата на нивните деца да имаат поинаков живот, рече Тони Ан-Синг пред новинарите по освојувањето на титулата најубава жена на светот. На второ место се пласира Мис на Франција, а трета беше Мис на Индија.

Текстот Тони Ан-Синг од Јамајка е Мис на светот за 2019 е превземен од Reporter.mk.