Тони Цетински во војна со поранешната сопруга

Хрватскиот пејач Тони Цетински треба да плати околу 43 илјади евра за кредит за стан што го зела неговата поранешна сопруга Ивана Нобило. Тој го продал станот за да го исплати долгот и сè уште го плаќа данокот што таа не го платила.

„Си дозволив да бидам во најглупавата група граѓани.

Ѝ бев жирант за кредит на поранешната сопруга и паднав во стапица. Денес тоа го отплатувам“, рекол Тони за хрватскиот „Т-портал“.

Ивана тврди дека тој никогаш не ѝ бил жирант на кредитот.

„Тони не беше жирант за двата стана што ги купивме пред разводот. Ги поделивме становите и кредитот, но јас сум главниот должник и го платив данокот за двата стана, а не тој. Враќање половина од износот барав преку суд, но се спогодивме и ми плаќа на рати, а последната треба да ја плати во декември“, изјавила Ивана.

Таа додала дека знае оти Тони ѝ припаѓа на најглупавата група граѓани и дека фактот оти е глупав не ја изненадува.

Текстот Тони Цетински во војна со поранешната сопруга е превземен од Reporter.mk.