Трамп останал сам во Белата куќа, Меланија го оставила за Божик

Доналд Трамп се пожалил пред своите соработници, дека овој Божик го минал сам во Белата куќа без друштво на Меланија и неговото семејство. Американскиот претседател вели дека празникот му поминал како ноќна мора.

Додека семејството му било во резиденцијата на Флорида, а соработниците отпатувале кај своите семејства поради празникот, американскиот претседател останал сосема сам во големата Бела куќа.

„Знаете, бев сосема сам околу шест до седум дена. Семејството ми замина на Флорида и се чувствувам многу осамено“, се пожалил Трамп пред своите соработници и додал дека цело време гледал телевизија за да може полесно да го убие времето.

„Бев сосема сам, а ова е толку голема куќа. Немаше никој освен снајперистите. Дури во еден момент и му мафнав со раката на еден од нив. Но, тоа се луѓе кои не сакаат игри. Не возвраќаат на поздравите, дури не се ни смеат. До последен момент се надевав дека некој ќе дојде и ќе ми понуди некакви преговори, но тоа не се случи“, вели Трамп.
Додека траела блокадата на американската Влада, Трамп одлучил дека не сака да си замине од Белата куќа. Додека чекал да му понуди некој некакво решение, американскиот претседател останал сосема сам.
Како што пренесуваат медиумите, тоа што бил сам, на Трамп му паднало многу тешко, а наводно на првиот состанок на кабинетот по празниците, повеќе од еден час се жалел поради неговиот најлош поминат Божик во животот. Друштво му правело само обезбедувањето, кое според неговите зборови, не било претерано друштвено.

 

Текстот Трамп останал сам во Белата куќа, Меланија го оставила за Божик е превземен од Reporter.mk.