Трансексуалец ја тужи Росарио Досон за дискриминација и физички напад

Дидрик Фајни, трансексуалец и поранешен вработен на актерката Росарио Досон, ги тужи неа и нејзиното семејство за дискримиација, физички напад, прекршување на човекови права и злоупотреба на вработен. Тој го познавал семејството Досон со децении, па кога мајката на актерката, Изабел, во 2017 година го повикала да работи за нив, тој се преселил во Лос Анџелес.

Но откако решил да признае дека е трансексуалец, вели дека од тоа не биле воодушевени во семејството Досон, и никој не сакал да му се обраќа во машки род. Дидрик се пожалил и кај Росарио, но таа не презела ништо во врска со тоа. Според него таа имала „трансексуална фобија“ и постојано го опоменувала дека е „возрасна жена“.

Дидрик живеел во оддедлна куќа на имотот од Досон, за што не плаќал кирија, но им помагал во реновирање на домот. Во април 2018 година му било кажано дека мора да се исели и дека веќе не е вработен кај нив. Кога се обидел да зборува со Изабел, бил вербално нападнат и избркан, а откако одбил да замине без да добие објаснување таа физички го нападнала. Според него, познатата глумица била присутна во тој момент, но не презела ништо да го заштити, туку му го одзела телефонот, бидејќи знаела дека ќе се обиде да повика помош. Откако успеал да избега во една соба од домот на Росарио, повикал полиција. Полицијата го однела во болница, а на Изабел ѝ издале забрана за приближување.

Сега Дидрик  ги тужи Росарио, мајка ѝ, нејзиниот очув и вујко и бара неколку милионска отштета.

Текстот Трансексуалец ја тужи Росарио Досон за дискриминација и физички напад е превземен од Reporter.mk.