Тренерки и елегантни фустани, српската естрада на свадба кај Динча

Српскиот пејачот Милан Динчиќ – Динча вчера направи свадба со водителката Јелена Секуловиќ. Тие направија голема прослава во луксузен ресторан во Белград. Пејачот носеше темно-зелен костум, а неговата сопруга избра венчаница со корсет и тул.

На свадбата на Динча дојде и српската естрада – Милица Павловиќ, Саша Капор, Бојан Маровиќ, Катарина Грујиќ и други. Иако повеќето гости дојдоа дотерани во елегантни костуми и впечатливи фустани, раперот Ненад Алексиќ Ша дојде во тренерки, па предизвика реакции на социјалните мрежи. „Непочитување за младенците“, стои во коментарите.

 

Инаку, Динча и Јелена се венчаа лани, а неколку месеци подоцна се роди нивниот син Вук. Според српските медиуми, за време на свадбата Вук го чувале двете баби, но го донеле на кратко на почетокот на свадбата.

Текстот Тренерки и елегантни фустани, српската естрада на свадба кај Динча е превземен од Reporter.mk.