Турски милионер ја освои Емина Јаховиќ

Пејачката Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа Сандал, сега е забележана како ужива во друштво на турскиот милионер Садетин Саран. Според пишувањата на турските медиуми, Емина и Садетин тајно се гледаат повеќе од месец дена.

Досега српската пејачка се нема огласено во јавноста по повод новата симпатија. Саран е роден во САД во 1964 година, а во Турција се преселил пред 12 години.

Работел во Министерството за култура и туризам на Република Турција, а од 1984 до 1985 година бил капитен на турскиот национален пливачки тим. Турскиот милионер е поранешен менаџер на Фенербахче, а сега е претседател на компанијата „Саран холдинг“.

Досега бил двапати во брак и ја има ќерката Лал Саран.

 

Текстот Турски милионер ја освои Емина Јаховиќ е превземен од Reporter.mk.