Турски продуцент до смрт претепа српска манекенка

Манекенката Тања Џукиќ пред неколку дена беше претепана од нејзиното момче, турскиот продуцент Чаго Тортоп. Тој крвнички ја претепал во нивниот дом во Истанбул, каде што живееле заедно повеќе од една година. Тања го пријавила во полиција откако ѝ скршил неколку ребра и ѝ искубал делови од косата. Наводно, бил љубоморен на неа и не можел да го контролира бесот. Надлежните во Турција го викнале на сослушување, но по неколку часа го пуштиле, а неа ѝ советувале да ја напушти земјата.

„Ме пречека по едно снимање, а штом влегов во кола почна расправија предизвикана од неговата љубомора. Откако стигнавме дома тој почна ѕверски да ме удира и да ме шутира. Го молев да престане, но тој упорно продолжуваше да ме удира каде ќе стигне. Ме тепаше речиси четири часа. Го молев да ме убие за да престане агонијата“, им раскажала 24-годишната Тања на локалните медиуми.

Таа заминала во Србија кај родителите, а за српските медиуми изјавила дека вели дека и понатаму се плаши за својот живот. Вели, тој и понатаму ѝ се заканува, но не само на неа, туку и на нејзиното семејство, па стравува и за нивниот живот.

„На полицијата ѝ дал лажна изјава и тврдел дека сум с еповредила сама. Зборувал дека сум хистерична. Ми се заканува преку заеднички пријатели, им рекол да ми пренесат дека ќе ми го загорчи животот. Се плашам за себе и за моите родители и се надевам дека некој од надлежните ќе реагира“, рекла таа за „Блиц“.

 

 

Тања и Чаго биле во врска две години, а се запознале откако таа почнала да работи во Истанбул како модел. Според неа, тој бил огорчен што целата приказна дошла и до медиумите и додала дека е спремен на сè само за да избегне затворска казна.

Текстот Турски продуцент до смрт претепа српска манекенка е превземен од Reporter.mk.