Турскиот продуцент што до смрт претепа српска манекенка, тепал и други жени

Турскиот продуцент Чаго Тортоп, кој до смрт ја претепа српската манекенка Тања Ѓукиќ, и претходно бил насилен и има долго досие со прекршоци, пишува „Блиц“. Поранешниот психолог, велат тие, ја загубил дозволата за работа оти удрил пациентка.

„Пред неколку години Тортоп удри пациентка која била кај него на советување, па доживотно ја загуби лиценцата да работи како психолог. Јасно е дека Тања ја претепа непресметлива личност. Тој заради тепачка бил депортиран од Литванија каде што претходно живеел и работел. Тој човек ќе убие некого и тоа како никого да не го интересира“, рекол извор за „Блиц“ од Турција.

Чаго неодамна во Истанбул ја претепа својата девојка Тања, во нивниот заеднички дом. Причината за насилството, според манекенката, била неговата љубомора. Манекенката насилството го пријавила во полиција, а тие, откако го викнале Чаго на информативен разговор, го пуштиле на слобода. На Ѓукиќ, пак, ѝ советувале да ја напушти земјата.  Двојката беше во врска околу две години.

Турски продуцент до смрт претепа српска манекенка

Текстот Турскиот продуцент што до смрт претепа српска манекенка, тепал и други жени е превземен од Reporter.mk.