Уапсен актерот Раде Шербеџија

Глумецот Раде Шербеџија е уапсен минатата недела во Калифорнија поради возење во пијана состојба, пишува „Ти-ем-зи“. Полицијата го застанала неговото возило откако забележале дека за малку ќе удрел и во неколку паркирани возила.

Според истиот портал, кога полицијата го запрела Шербеџија, во возилото имало отворено шише со виски, а глумецот бил пијан. Му направиле алкотест, по што е утврдена поголема количина алкохол во крвта од дозволената, па го однеле на трезнење. По неколку часа Шербеџија е пуштен од притвор со кауција.

Медиумите од Америка и од соседството се обиделе да стапат во контакт со познатиот актер, ама тој не е достапен за новинарите. И неговиот агент не дава коментари за апсењето минатата недела.