Уапсен крадецот што провали во домот на Саша Поповиќ

Откако во март годинава директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, пријави во полиција дека крадец влегол во неговиот дом, полицијата вчера го уапси Војислав Стојиќиќ, син на починат полициски генерал. Тој е осомничен дека учествувал во кражбата во која од домот на Поповиќќ беа украдени 10.000 евра и вреден накит.

Поповиќ со сопругата Сузана Јовановиќ во моментот на кражбата не биле во куќата која се наоѓа на Бежаниска коса, една од најелитните населби во Белград. Полицијата скоро шест мест месеци трагаше по крадците.

Текстот Уапсен крадецот што провали во домот на Саша Поповиќ е превземен од Reporter.mk.