Вајнстин му должи милион долари на Де Ниро

Обвиненијата против Харви Вајнстин не стивнуваат, а еден од последните скандали беше предизвикан после изјава на актерот Роберт Де Ниро, во која тој тврди дека продуцентот му должи милион долари.

Во текот на изминативе неколку месеци, се појавуваа најразлични шпекулации за Харви Вајнстин, кои излегуваа во медиумите, а најновата приказна е поврзана со должење на пари, што повторно ја изненади светската јавност.

Имено, легендарниот актер, Роберт Де Ниро, открива дека холивудскиот продуцент му должи речиси милион долари за снимањето на романтичната комедија „Silver Linings Playbook“.

Де Ниро за улогата во оваа драма е номиниран за Оскар, во категоријата за најдобар актер за споредна улога.

Англиските медиуми пренесуваат дека обвиненијата на Де Ниро се  дел од процесот на објавувањето на банкрот на продукциската куќа на Вајнстин.

Покрај него, и многу други славни ѕвезди јавно го обвинија Вајнстин дека им должи пари.

Така, Тарантино откри дека продуцентот му должи дури 4 милиони долари.

Кога станува збор за компанијата на Вајнстин, познато е дека е во тек продажбата на имотот, а за да се забрза процесот цената е намалена за 23 милиони долари.