Вајола Дејвис ќе ја глуми Мишел Обама во серија за првите дами во САД

Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја глуми поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во драмската серија „Први дами“ во продукција на кабелската мрежа „Шоутајм“ и продуцентската куќа на Дејвис.

Серијата ќе има неколку епизоди и ќе раскаже дел од приватните и професионални животи на интригантните жени Мишел Обама, Елинор Рузвелт и Бети Форд. Сѐ уште не се објавени имињата на другите две актерки.

„Низ нашата историја, сопругите на претседателите имале исклучително влијание, не само врз лидерите, туку и врз самата земја“, вели Џана Виногрејд од „Шоутајм“.

Текстот Вајола Дејвис ќе ја глуми Мишел Обама во серија за првите дами во САД е превземен од Reporter.mk.