„Ве гушкам од Загреб, кој не се предава“-Јелена Јованова се огласи по земјотресот во Хрватска

Вчера во Загреб утрото имаше земјотрес од јачина од 5,5 степени по Рихтер. Овие силни потреси ги принудија граѓаните кои и се борат со короната да излезат  надвор, а улиците биле полни со руинирани фасади, тули и други материјали. Имаше и жртва, 15 годишно девојче.

Страшни се снимките, фотографиите од Загреб, а многумина од регионот се огласија со поддршка за жителите истакнувајќи да останат силни.

Македонската актерка Јелена Јованова која имавме прилика да ја гледаме во серијата „Преспав“ во улогата на Јелена од Драчево, живее во Загреб, со сопругот Стјепан Перичиќ. Таа на својот „Фејсбук“  напиша дека се чуствува добро иако вели “ Немоќни сме против нештата што не се во наша контрола. Но зошто се правиме немоќни за нештата на кои можеме да влијаеме? Денес Загреб се разбуди во злокобно немоќно зуење. Денес жени се породуваа во автомобили. Денес луѓе останаа без домови. Но денес луѓе помагаа на луѓе.

 

Ве гушкам од Загреб кој се бори и не се предава“; напиша Јелена на социјалните мрежи.

Текстот „Ве гушкам од Загреб, кој не се предава“-Јелена Јованова се огласи по земјотресот во Хрватска е превземен од Reporter.mk.