Венчаницата на Меган Маркл ќе биде изложена во замокот Виндзор

Венчаницата на Меган Маркл која ја носеше за време на венчавката со принцот Хари во октомври ќе биде изложена во дворецот Виндзор.

Поранешната американска актерка на кралската венчавка во мај годинава се појави во едноставен свилен фустан, украсен со дијаманти кои Меган Маркл ги добила од кралицата Елизабета II.

Истиот беше дизајниран од директорката на модната куќа Givenchy, Клер Вајт Келер. Изложбата во замокот Виндзор ќе биде отворена на 26 октомври и ќе трае до јануари наредната година.

Посетителите ќе имаат можност да ја видат и униформата на припадниците на коњицата на англиската војска, во која беше облечен младоженецот принцот Хари.

Текстот Венчаницата на Меган Маркл ќе биде изложена во замокот Виндзор е превземен од Reporter.mk.