Венеса Редгрејв со награда за животно дело на фестивалот во Венеција

Британската глумица Венеса Редгрејв е добитничка на наградата „Златен лав“ за животно дело на годинашниот филмски фестивал во Венеција. Во Венеција секоја година се доделуваат две филмски награди за животно дело, една за режисер, а друга за актер или актерка. Оваа година втората награда ќе ја добие канадскиот режисер Дејвид Кроненберг.

Редгрејв шест пати беше номинирана за „Оскар“, а најпрестижната филмска награда ја доби во 1978 година за улогата во филмот „Јулија“. Таа ја доби и наградата „Тони“ за најдобра актерка во претставата „Најдолгото патување во ноќта“ од 2003 година.

Организаторот на фестивалот в среда треба да ја објави програмата за годинашниот фестивал.

Текстот Венеса Редгрејв со награда за животно дело на фестивалот во Венеција е превземен од Reporter.mk.