„Верувам дека Хари се распаѓа на делчиња“, тврди новинарката која ги следи кралските афери

Ангела Левин, искусна новинарка за кралски афери, која во 2018-та ја објави книгата  „Хари: Биографија за еден принц“, која се базира на нејзините ексклузивни разговори со сега 35-годишниот Хари, направени пред неговиот брак, сега се отвори за еден британски магазин па кажа што мисли  за транзицијата на Хари од кралските должности, со неговата сопруга Меган Маркл.

Левин вели дека додека поминувала време со Хари во 2017-та година, тој бил харизматичен, интуитивен, но и безгрижен и запаѓал во неволји, но и дека ѝ објаснил на Меган во што се впушта ако се омажи за него.

Левин вели дека преселувањето во Лос Анџелес, и улогата на гласот на Меган во новиот Дизни документарен филм, се само доказ дека „нивниот избор на приоритети повеќе личи на размазени тинејџери отколку на возрасни во своите средни и одминати триесетти“.

– Иако едвај го познавам, се уште верувам дека се распаѓа на делчиња зошто ја напушта неговата фамилија, неговата земја и неговите врски со војната- тврди новинарката.

Таа истотака тврди дека Хари своевремено ѝ кажал дека „негова должност“ е секогаш да биде тука за брат му, принцот Вилијам.

Текстот „Верувам дека Хари се распаѓа на делчиња“, тврди новинарката која ги следи кралските афери е превземен од Reporter.mk.