Весна Гиновска Илкова и Бобан Мирковски во Филхармонија ќе ги пеат најубавите македонски евергрини

На 17 септември во Филхармонија ќе се одржи концертот „Ја чуваме македонската музика“ на кој Весна Гиновска Илкова, Бобан Мирковски и Гудачкиот камерен оркестар Арко ќе ги изведат најубавите македонски евергрини. Диригент е Ерхан Шукри. Концертот ќе се одржи во големата сала на Филхармонија, со почеток од 20 часот. Организатор е „Баги комуникации“.

Текстот Весна Гиновска Илкова и Бобан Мирковски во Филхармонија ќе ги пеат најубавите македонски евергрини е превземен од Reporter.mk.