(Видео) Ангели наместо лампиони – Карлеуша елката ја посвети на починатата мајка

Ѕвездата Јелена Карлеуша новогодишната елка наместо со лампиони, годинава ја украси со ангели. Таа објави видео на „Инстаграм“ и откри дека елката ѝ ја посветува на нејзината почината мајка Дивна.

„Оваа година темата ми беше ангел. Ова е прва Нова година што ќе ја дочекам без мојата мајка. Сега таа е мојот ангел и ова е посвета за неа. За мојот, ама и за сите наши ангели што нè гледаат и не штитат од зло“, напиша пејачката.

За потсетување, мајката на Јелена, Дивна Карлеуша, почина во март годинава, по долга борба со ракот.

 

Текстот (Видео) Ангели наместо лампиони – Карлеуша елката ја посвети на починатата мајка е превземен од Reporter.mk.