(Видео) Антонио Пејоски преработи хит на „Амадеус Бенд“

Младиот пејач Антонио Пејоски ја преработи песната „Драга дјди дома“ од  „Амадеус Бенд“. Спотот е режиран од Борче Димоски.

„Се радувам што преработката беше одлично прифатена од моите фанови. Видеото има голем број прегледи на „Јутјуб“. Во наредниот период ќе работам на авторска песна, која планирам да ја објавам на пролет“, вели Пејоски.

Пејачот со својот бенд празниците ги помина работно, а во наредниот период ќе има голем број настапи низ Македонија, Косово и Грција.

Текстот (Видео) Антонио Пејоски преработи хит на „Амадеус Бенд“ е превземен од Reporter.mk.