(Видео) Брижит ги улови нежностите меѓу Колинда и Макрон

Фотографиите од финалето на мундијалот на кои претседателите на Хрватска и Франција, Колинда Грабар Китаровиќ и Емануел Макрон, се радуваат, прославуваат, се гушкаат и држат за рака и понатаму се хит на социјалните мрежи.

На „Фејсбук“ се појави видеоколаж од нивните заеднички слики, па на социјалните мрежи се шпекулира дека блискоста помеѓу Колинда и Макрон не е само радост поради настапот на нивните репрезентации во финалето, туку нешто многу повеќе, дури и љубов. „Како заљубени тинејџери се“, „Сакам да ме гледаш како што Колинда го гледа Емануел“, „Љубов на дождот, како сцена од романтичен филм“, „Ова мора да е љубов“, „Страст на прв поглед“ се само дел од коментарите на „Фејсбук“.

Има и такви на кои видеото не им се бендиса. „Измислувате работи што не постојат“, „Таму беа и нивните сопружници, што мислите дека се случува“, „Досадно ви е, немате приватен живот“, се само дел од нивните коментари.

Gepostet von Ariel Cohen am Dienstag, 17. Juli 2018

Текстот (Видео) Брижит ги улови нежностите меѓу Колинда и Макрон е превземен од Reporter.mk.