(Видео)  Децата од кралското семејство ракоплескаа за поддршка на здравствените работници

Како и во многу земји погодени од коронавирусот, луѓето во Велика Британија решија да им оддадат почит на оние кои се на првата линија за време на пандемијата, па во точно предвиденото време тие ракоплескаа сакајќи со тој гест да им дадат дополнителна сила.
Кралското семејство не е исклучок. Од официјалниот профил на војводата и војвотката од Кембриџ, објавено е снимка на која ракоплескаат сите три деца на принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (38).

„За сите лекари, медицински сестри, фармацевти, волонтери и други здравствени работници кои неуморно работат за да им помогнат на оние кои се погодени од вирусот Ковид-19. Ви благодарам“, стои во официјалното соопштението.

Принцот Џорџ (6), принцезата Шарлота (4) и принцот Луис (1) ракоплескаа, а кралицата Елизабета Втора (93)даде поддршка со фанфари од нејзиниот замок Виндзор, каде што е изолирана.

 

 

Текстот (Видео)  Децата од кралското семејство ракоплескаа за поддршка на здравствените работници е превземен од Reporter.mk.