(Видео) Десет девојки по ќеф на Димитар Андоновски и „Тајфата“

„Тајфата“ снимија нова песна со пејачот Димитар Андоновски. „Не си моја“ ќе се најде на првиот албум на бендот, кој наскоро ќе ја промовира песната. Автори се Лазар и Магдалена Цветковски, а освен Димитар и членовите на „Тајфата“, во спотот се појавуваат 10 згодни девојки.

„Публиката премногу чекаше на нашата нова песна. Лазар и Ена направија одлична работа и сигурни сме дека ќе им се допадне на нашите фанови. Спотот се снимаше на неколку места во Скопје, а одлична работи заврши режисерот Дарио Јанковиќ“, велат од бендот.

 

Текстот (Видео) Десет девојки по ќеф на Димитар Андоновски и „Тајфата“ е превземен од Reporter.mk.