(Видео) Доналд Трамп го одликува Џон Војт со Национален медал

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликува актерот Џон Војт со Национален медал за уметност.

„Вие сте голем и квалитетен актер. Вие сте некој кој навистина го сакам и почитувам“, изјавил Трамп на церемонијата во Белата куќа.

Војт се смета за еден од малобројните холивудски приврзаници на американскиот претседател.

„Јас, Џон Војт, можам да кажам дека Доналд е забавен. Тој сака да се шегува, но пред сè, тој е чесен човек”, изјавил во една прилика таткото на Анџелина Џоли кој се прослави во улогата на „Полноќен каубој“, филм во кој глуми со Дастин Хофман.

 

Текстот (Видео) Доналд Трамп го одликува Џон Војт со Национален медал е превземен од Reporter.mk.