(Видео) Дорис Драговиќ по 10 години првпат сними спот

Хрватската пејачка Дорис Драговиќ вчера го промовираше спотот за песната „Брод за најбоље“. Ова е прв нејзин спот по 10 години пауза. Песната за Дорис ја напиша Иван Хуљиќ, син на Тончи Хуљиќ, кој со Дорис соработуваше на нејзиниот последен албум „Ја вјерујем“. Според хрватските медиуми, во спотот Дорис многу потсетува на времето кога ја претставуваше Хрватска на Евровизија во 1999 година со песната „Марија Магдалена“.

„Во време на Јутјуб и постојано броење кликови и понатаму ме интересира само квалитет. Бројките никогаш не ми биле важни, туку само убавината на уметноста и душата. Истата таа убавина ме привлече кон песната, а тоа е она кое луѓето, публиката го чувствуваат. Зарем не сме сите желни за тоа?“, изјавила Дорис за медиумите по промоцијата на спотот.

Текстот (Видео) Дорис Драговиќ по 10 години првпат сними спот е превземен од Reporter.mk.