(Видео) Дваесетина повредени на бдеењето за раперот Хасл

Деветнаесет лица настрадале во стампедо и кошање на насатанот во знак на сеќавање на убиениот американски рапер Нипси Хасл во Лос Анџелес, пренесува весникот The Los Angeles Times.

Номинираниот за престижната музичка награда Греми, американскиот рапер Нипси Хасл беше застрелан во неделата пред неговиот бутик во Лос Анџелес. Полицијата веќе го идентификуваше осомничениот кој надовно пукал во музичарот.

Во понеделникиот стотици луѓе се собрале на бдеење во спомен на убиениот рапер. Како што изјавил за весникот портпаролот на полицијата на Лос Анџелес, на паркингот каде што музичарот бил застрела ден претходно, според сѐ судејќи започнала пресметка, а околу 300 лица одеднаш почнале да бегаат во различни насоки.

По инцидентот 19 лица биле хоспирализирани, а според противпожарната служба на Лос Анџелес, две од нив се во критична состојба. Се наведува дека повеќето од настраданите со повреди се здобиле во стампедото на толпата, едно лице било удрено од автомобил, а друго во болница е примено со убодна рана од непознато потекло.

Триесет и тригодишниот рапер Ермис Џозеф Асхед е роден и израснат во Лос Анџелес. Кариерата ја започна во 2008 година, а соработуваше се уметниците како Дрејк, Рик Рос, Јанг Таг и Снуп Дог. Неговиот дебитантски албум „Victory Lap“ беше номиниран за наградата Греми.

Текстот (Видео) Дваесетина повредени на бдеењето за раперот Хасл е превземен од Reporter.mk.