(Видео) Џенифер Лопез ќе паднеше од балкон додека ги поздравуваше фановите

Џенифер Лопез можеше да настрада за време на премиерата на новиот филм „Измамничка од Вол Стрит“, на филмскиот фестивал во Торонто. Латино ѕвездата додека ја поздравуваше многубројната публика во салата, за момент изгуби контрола и падна од балконот. Целиот настан го снимил со камера еден од нејзините фанови.

Актерката по завршувањето на филмот, толку се соживеа во поздравувањето на фановите, што наеднаш се наведна и изгуби рамнотежа. Таа речиси ќе испаднеше од балконот, пишуваат светските медиуми.

Лопез во новиот филм глуми шефица на стриптизети кои ги здружуваат силите против мажите кои се нивни клиенти. Таа го глуми ликот на Рамон, а освен што ја има една од главните улоги, таа е и продуцентка на филмот.

„На почетокот на снимањето бев исплашена затоа што никогаш претходно не сум направила вакво слично нешто. Се чувствувал изложено и постојано прашував: Кој е Рамон? Зошто тоа го работи? На крајот сватив дека таа е цврста и сина, но и чувствителна личност која во животот многу пропатила. Тоа е силен лик за актерка“, изјавила Лопез.

Текстот (Видео) Џенифер Лопез ќе паднеше од балкон додека ги поздравуваше фановите е превземен од Reporter.mk.