(Видео) Џенифер Лопез запеа со ќерка си на првиот концерт од турнејата

Поп-ѕвездата Џенифер Лопез ја започна турнејата It’s My Party, со која го одбележа јубилејниот 50. роденден.

На првиот концерт во Лос Анџелес, додека славната пејачка ја изведуваше песната Limitles“, на сцената се појави и нејзината 11-годишна ќерка Еми и продолжија зедно да пеат.

И двете беа облечени во волуменозни црвени креации.

Еми се појавува во спотот за Limitless, која Лопез ја сними за филмот Second Act.

Џеј Ло промени бројни костими за време на музичкото шоу.

Текстот (Видео) Џенифер Лопез запеа со ќерка си на првиот концерт од турнејата е превземен од Reporter.mk.