(Видео) Елен Деџенерис подари милион долари на сиромашно семејство

Американската водителка Елен Деџенерис во својата емисија „Елен“ му даде милион долари на шестчленото семејство Даниелс. Таа ги запозна Криси и Роберт Даниелс лани во ноември, кога учествуваа во наградана игра во нејзината емисија и освоија многу подароци вредни неколку илјади долари.

Семејството Даниелс живее во мала куќа која има две соби, а нивните четири деца делат една соба.

„Среќни сме, ако е вака. Живееме од плата до плата и секогаш сме подготвени да си помогнеме меѓусебе“, рекоа тогаш во емисијата.

Затоа Елен повторно ги повика во емисијата и им подари милион долари.

„Овде сме за да направиме нешто големо, нешто што никогаш претходо не сме го направиле за едно семејство. Длабоко вдишете. Сакам да ви подарам 500.000 долари, тоа е вистинското нешто. Втора работа е што комапнијата ‘Чириос’ ви подарува уште 500 илјади за да ги поделите со луѓето кои имаат потреба“, рече Елен.

Кристи и Роберт рекоа дека со овие пари ќе купат куќа, а ќе им останат пари за да платат колеџ за нивните синови.

Текстот (Видео) Елен Деџенерис подари милион долари на сиромашно семејство е превземен од Reporter.mk.